КУЛТУРНА УРБАНА МЕМОРИЈА

МУСТАФАПАШИНА ЏАМИЈА

Мустафа Пашина џамија (фотографија: Наташа Диденко, 2019)

Мустафапашината џамија се наоѓа наспроти Скопското кале, во близина на Куршумли ан. Подигната е во 1492 година од страна на Мустафа-паша, везир на султаните Бајазит II (1481 – 1512) и Селим I (1512 – 1520) и претставува извонреден пример на раната истанбулска архитектура. Нејзината основа е квадратна и покриена со купола со пречник 16,3 м. Минарето е високо 47 м и еизградено од клепан бигор. Целиот комплекс, освен џамијата, го сочинуваат уште и турбето на Мустафа-паша, саркофагот на неговата ќерка Уми, шадрван, неколку гроба, како и остатоци од некогашниот имарет и медреса.

Денес таа е заштитен споменик на културата и активен верски објект.

Драги Ѓоргиев



Културна урбана меморија ‒ мапирање на местата на сеќавање (КУМ)

Проект на Институтот за национална историја ‒ Скопје

Финансирано од Министерството за култура на Република Северна Македонија